Парите во Резервниот фонд на Русија нема да бидат доволни за да ја спасат земјата од „црни дни“, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на претставникот на ММФ во Русија, Бикас Џоши.
Според буџетското правило во Русија, се забранува трошење на средства од Резервниот фонд при постоење на одредена цена на нафтата. Но дури и со таквото правило, доколку се случи намалување на цените на нафтата, Резервниот фонд на Русија има средства во големина од 7% од националниот бруто производ.
Владата на Русија планира да има во Резервниот фонд 74 милијарди евра во 2014 година, 76 милијарди евра во 2015, и 85 милијарди евра во 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче