Во ноември е планирано потпишување на договор меѓу Украина и ЕУ за создавање на слободна трговска зона, што ќе доведе до влошување на трговските односи меѓу Украина и Руската Федерација. Светската банка проценува дека руската економија поради тоа нема да претрпи значајни последици, бидејќи повеќето од производите што ги увезува од Украина може да ги надомести од други извори.
„Изгледа дека Русија лесно би можела да замени поголем дел од производите кои ги увезува од Украина со стока од други земји. Единствен исклучок се нуклеарните реактори. Реалните штети кои може да ги претрпи Русија се незначителни“, се наведува во извештајот на Светската банка за руската економија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче