Бројот на Американци кои имаат негативен став кон Русија за прв пат после 15 години надмина 50%, но затоа, пак, најголем дел од Американците го поддржуваат рускиот план за Сирија – покажа анкетата за јавното мислење, објавена од компанијата Галоп.
Анкетата е извршена на 15 и 16 септември, веднаш откако Русија доби гаранција за стопирање на плановите за воен удар во Сирија поради иницијативата за предавање на хемиското оружје под меѓународна контрола. Анкетирани се 1.010 граѓани од 50 сојузни држави на САД.
Од 1999 година, Американците ја гледаат Русија како сојузник или како дружељубива држава, и таа ситуација беше непроменета се до јуни годинава, кога 52% ја сметаа Русија за сојузник, а во септември оваа цифра падна до 44%.
Меѓу причините за намалување на довербата кон Русија, 64% од Американците како најглавна ја изделија епизодата со Едвард Сноуден.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче