Во Русија можно е да се укинат домашните задачи

Првиот заменик на министерот за образование и наука на Русија, Наталија Третјак, изјави дека нема законодавни препреки за да се укинат во училиштата домашните задачи, пренесува РИА Новости.

Првиот заменик на министерот за образование и наука на Русија, Наталија Третјак, изјави дека нема законодавни препреки за да се укинат во училиштата домашните задачи, пренесува РИА Новости.

„Нема никакви законодавни препреки на оваа тема. Нема никакви документи и наредби кои го бараат ова. Ова е избор на институцијата, учителот и родителот. Имено учителот и институцијата го имаат правото да ги определат методите на наставата, системот за тоа како ќе изгледа часот, формата на тестирањето... Затоа ако училиштето заедно со родителите реши дека детето ги постигнало резултатите кои се бараат од федералниот стандард, може да се помине и без домашни задачи“, изјави Третјак.

Инцијативата да се укинат домашните задачи ја дале учителите од едно од московските училишта за време на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња