Јавни лекции по лингвистика од познати руски професори, лекции од областа на медицината, астрономијата и историјата, а исто така и други научно-популарни манифестации ќе се одржат во рамките на Фестивалот на науката кој започна во понеделникот во Јарослав.
Фестивалот на науката ќе се одржи за прв пат во овој регион на Русија – од 16 до 22 септември. Организатори на фестивалот се локалната влада, јарославскиот државен универзитет „Демидов“ и Педагошкиот универзитет. Учесници на фестивалот ќе бидат ученици, студенти, млади научници и наставници од различни образовни институции.
Програмата на Фестивалот може да се погледне на интернет-страницата на Фестивалот – www.festivalnauki.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче