Путин: Италија останува привилегиран партнер и покрај тешкотиите

„Се развиваат проекти во енергетиката, машиноградбата, расте нивото на заемни капитални вложувања. Сето тоа не може а да не радува“, изјави Путин.

За Русија Италија била и ќе остане привилегиран партнер, и покрај повремените тешкотии кои се појавуваат во односите, пренесува Газета, повикувајќи се на изјава на претседателот на Русија, Владимир Путин на средбата со претседателот на Советот на министрите на Италија, Енрико Лето.

Според зборовите на Путин, Италија е четврта економија во светот според обемот на трговија со Русија.

Шефот на државата исто така забележа дека размената на стоки меѓу двете држави се зголемува секоја година, и покрај економските тешкотии во светската економија. Растот на трговијата годишно изнесува дури 20%.

„Се развиваат проекти во енергетиката, машиноградбата, расте нивото на заемни капитални вложувања. Сето тоа не може а да не радува“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.