Меѓународниот олимписки комитет ќе ја разгледа можноста за казнување на руската атлетичарка, шампионка во скокови со стап, Елена Исинбаева, изјави претседателот ан МОК, Жак Рог, а пренесуваат британските медиуми. Една од можните казни може да биде одземање на звањето амбасадор на Олимписките игри за млади.
Во текот на Светското првенство во атлетика во Москва, Исинбаева изјави дека го поддржува законот за забрана на пропагандата на нетрадиционални сексуални односи меѓу малолетниците кој неодамна беше усвоен во Русија. Нејзината изјава предизвика бурни реакции во спортските кругови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче