NYT: За Путин доказите за хемискиот напад во Сирија не се доволни

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека за него се „смешни“ изјавите за тоа дека владата на претседателот Башар Асад применила хемиско оружје, пишува The New York Times.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека за него се „смешни“ изјавите за тоа дека владата на претседателот Башар Асад применила хемиско оружје, пишува The New York Times.

Путин се сомнева во доказите кои беа претставени од државниот секретар на САД, Џон Кери, и изјави дека за да се оправда примената на сила потребни се повеќе „убедливи“ докази, како и резултатите од инспекторите на ООН. Претседателот предупреди дека нападот без дозвола од Советот за Безбедност на ООН ќе биде нарушување на меѓународното право.

„Сакам да ви го задржам вниманието на еден апсолутно фундаментален факт. Во соодветство со применетите норми во меѓународното право, дозволата за користење сила против суверена држава може да биде дадена само од Советот за Безбедност во ООН. Било кои други причини или методи за оправдување на примената на сила против независна и суверена држава се неприфатливи и не можат да бидат квалифицирани никако поинаку, освен како агресија“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња