Русија може да го раскине договорот за слободна трговија со Украина доколку украинската влада го потпише со ЕУ договорот за создавање зона за слободна трговија со ЕУ (ЗСТ), пренесува „Прајм“, повикувајќи се на изјавата на советникот на претседателот на Русија, Сергеј Глазјев во интервју за украинскиот весник „Вести“.
Според неговите зборови, доколку Украина потпише договор со ЕУ, тогаш Русија ќе биде принудена да го засили системот за ветеринарна и санитарна контрола. Тие мерки ќе бидат одговор на прифаќањето на европските стандарди од страна на Киев. Освен тоа, Русија ќе ги разгледа и другите заеднички проекти со Украина – во областа на атомската енергија, ракетната индустрија, авиоиндустријата и др.
„Можно е да биде разгледано и прашањето за слободната трговија со Украина“, изјави Глазјев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче