Граѓаните на Руската Федерација се на прво место според бројот на лица кои бараат азил во Германија. Според податоците на Федералното тело за миграција и бегалци, околу 90% од руските барања за азил дошле од реонот на Северен Кавказ, најмногу од Чеченија. Во чеченската влада се сомневаат во вистинитоста на овие броеви. Експертите сметаат дека наглиот раст на миграциските молби може да ги комплицира преговорите меѓу Руската Федерација и ЕУ за поедноставување и укинување на визниот режим.
За ситуацијата соопшти Ханс-Петар Фридрих, министер за внатрешни работи на Германија. Тој целата ситуација ја нарече „алармантна“ и предупреди: „До крајот на годината ќе достигнеме број од 100.000 барања“. Германскиот Завод за миграција и бегалци веќе даде известување дека досега во Германија побарале азил 53.700 граѓани. Тоа е повеќе од било која држава во Европа. Петтина од барањата, односно 11.500 доаѓаат од Русија. На тој начин граѓаните на Русија за прв пат после 2000 година застанаа на првото место според број на барани азили во Германија, надминувајќи го бројот на граѓани кои бараат азил од Сирија, Авганистан, Пакистан и Србија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче