Космонаутите со факелот на Олимпијадата во Сочи ќе излезат во отворена вселена

Руските космонаути Олег Котов и Сергеј Рјазански, кои на крајот на септември ќе отпатуваат на Меѓународната вселенска станица, на 9 ноември ќе го изнесат факелот во отворена вселена.

Руските космонаути Олег Котов и Сергеј Рјазански, кои на крајот на септември ќе отпатуваат на Меѓународната вселенска станица, на 9 ноември ќе го изнесат факелот во отворена вселена.

„За тоа излегување планирани се и други задачи освен демонстрација на факелот на Олимписките игри во Сочи“, изјави извор во Росмоскос.

Факелот на Игрите за прв пат во историјата ќе биде изнесен во отворена вселена. Тој ќе пристигне на почетокот на ноември на Меѓународната вселенска станица со вселенскиот број „Сојуз ТМА-11М“. Факелот на Земјата ќе го врати космонаутиот Фјодор Јурчихин, кој во моментов се наоѓа во станицата.

Штафетата на олимпискиот пламен ќе започне во Москав на 7 октомври 2013. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.