Речиси половина од Русите сметаат дека можат да се преселат во друга држава, а само 13% од граѓаните навистина се подготвени да емигрираат, и тоа најмногу младината, изјавија социолозите во СЦИОМ. Русите кои заминуваат во странство се уверени дека таму ги чека стабилност и добра екологија, а остануваат тие кои не можат да се разделат од културата и блиските.
Културата и средбите со блиските не ѝ пречена на Ирина Кузнецова да замине во Шпанија. Таа замина во Мадрид и смета дека има далеку повеќе перспективи за развој во Шпанија, отколку во Русија. „Овде повеќе ги ценат образованите луѓе, го почитуваат трудот. Јас овде среќавам повеќе симпатични луѓе. Приказни никаде нема. Но овде, во Шпанија, луѓето се уверени во подобрата иднина. Никој нема чувство на отфрленост. Народот е потребен на државата. Интересно е тоа што дури и оние кои се жалат на животот, на крај додаваат дека не би сакале да заминат од државата. И покрај кризата работа има. На пример, Шпанците сметаат дека не е достоинствено да се работи како келнер, на рецепција или како таксист и т.н.“, објаснува Ирина. Таа е уверена дека во Русија е помалку потребна, отколку во Шпанија. Новата Шпанка ги цени само семејните врски и приврзаност. „Не треба да се плашите и да мислите ’кому си му таму потребен!?’, тоа е многу ’советски’. Тоа е црта карактеристична за менталитетот на постсоветското пространство. Во целиот развиен свет никому на глава не му паѓаат такви прашања“.
Експертите сметаат дека луѓе почнале да размислуваат на емиграцијата на друг начин, без компликации, бидејќи тие преселби се слични на етапите во животот, а не на некакви радикални измени. Пред пет години речиси половина од Русите сметале дека емигрирањето од својата држава е неправилно и непатриотски (58%), а повеќе од една третина (37%) сметаат дека е допустливо да се емигрира, додека денес има 48% поддржувачи на идејата за емиграција.
Социолозите изјавуваат дека луѓето кои сакаат да заминат од земјата најчесто не знаат што ќе работат во странство. Основната причина за заминување е желбата да се подобрат условите за живот (56%), поголеми можности за самореализација (21%), а 7% изјавиле дека „таму има повеќе ред“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче