Сибир лидер во развојот на телескопите

Силниот развој на оптичко-електронските технологии во светот овозможи ефективно вселенско истражување не само преку орбиталните и меѓупланетарните апарати, туку и со средствата од земјината инфраструктура - телескопите.

Силниот развој на оптичко-електронските технологии во светот овозможи ефективно вселенско истражување не само преку орбиталните и меѓупланетарните апарати, туку и со средствата од земјината инфраструктура - телескопите.

За три години на југот на Источен Сибир на астрофизичкиот полигон на Иркутскиот универзитет ќе проработи уникатен меѓународен вселенски гама-телекоспки комплекс, предназначен за регистрација на честички од сипервиоките енергии во Вселената.

Гама-телескопот се разликува од обичните телескопи по тоа што тој претставува севкупност на оптички станици и станици за регистрација на позитивно наелектризирани честички, создавани како резултат на заемното дејство на зраците од вселената со атмосферата. Овој телескоп во Сибир ќе зазема површина од 100 квадратни километри, а неговите детектори ќесе наоѓаат на далечина од 100 метри еден од друг.

Новиот телескоп ќе чини околу 70 милиони евра, а Германија ќе обезбеди најголем дел од опремата за истиот. Основните трошоци ќе бидат покриени за сметка на грантот кој иркутските научници го добија во април годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња