Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Џон Кери разговараа за ситуацијата која се создаде околу Едвард Сноуден, и заклучија дека треба да продолжат со конструктивниот дијалог меѓу државите. Ова е пренесено на интернет-страницата на МНР на Русија.
„Потврдено е заедничкото разбирање и неопходност за продлабочување на конструктивниот дијалог на сите нивоа во интерес на развојот на рамноправни заемни односи во сите области“, се кажува во соопштението.
Претходно Лавров изјави дека и покрај несогласувањата, Русија и САД се подготвени да ги решаваат своите проблеми спокојно, а Кери изјави дека „судирите“ меѓу Русија и САД не треба да влијаат на соработката меѓу двете држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче