Саудиска Арабија ѝ предложи на Русија 15 милијарди долари, но со гаранција дека Москва ќе ја прекине поддршката за сирискиот лидер Башар Асад, пишува The Times, повикувајќи се на блискоисточни извори. Како што пишува весникот, Саудијците, кое воедно се јаросни противници на режимот на Асад, сакаат да ги искористат своите финансиски ресурси за да се прекине војната во Сирија.
Според информација на изданието, шефот на саудиската разузнавачка служба, принцот Бандер бен Султан, престојуваше деновиве во Москва, каде беше пречекан од претседателот на Русија, Владимир Путин.
Условите на зделката, според анонимни западни дипломати и извори на Блискиот Исток, се продажба на руско оружје на Саудиска Арабија во вредност од 15 милијарди долари и откажување од конкуренцијата за испорака на природен гас во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче