Во средината на јули мене ме испратија на службено патување во кинескиот град Хејхе во провинцијата Хејлунцјан, веднаш на границата меѓу Кина и Русија. Секаде среќавав Руси со огромни чанти во рацете. Односите меѓу Кина и СССР се подобрија кон крајот на 80-те години од минатиот век, кога повторно се активираше слободната трговија, па така секоја година голем број Руси го посетуваат Хејхе. Во споредба со Сибир, кој страда од депопулација, Хејхе се чини како огромен трговски рај: овде има огромен број електрични уреди, облека, продукти.
Мене ми требаше ноктарка, па затоа влегов во една продавница. Сопственикот на продавницата ми покажа ноктарки и рече: „Земи за три јуани (околу 20 денари). На Русите им ги продавам за 40 денари по парче“. Очигледно е дека ме сметаше за Кинез.
„Зошто им продавате на Русите поскапо?“, прашав јас. „Дури и ако му соопштам на Кинез висока цена, тој веднаш ќе ми побара попуст. На крај ќе морам да отстапам. Во споредба со нас, Русите се многу едноставни, и затоа ги купуваат производите за цената која ќе ја кажам“, одговори сопственикот на продавницата. Двојните цени за Русите и за Кинезите, по сѐ изгледа се пракса на пазарите во Хејнхе.
Некои Руси знаат за тоа, но сепак плаќаат, без да посветуваат на тоа многу внимание. Возачите во таксијата ми кажуваа: „Во Русија има малку луѓе, кај нив нема жестока борба за живот, како што има во Кина, и затоа сите Руси се добри“. Потоа еден од нив додаде: „Русите уживаат во животот, не штедат, посреќни се од нас, бидејќи ние мислиме само на парите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче