На планинскиот полигон „Цабал“ во Република Апхазија се одржува обука. Артилериските единици од руската воена база на Јужниот воен округ поминуваат низ обука за стрелање. Посебно внимание се посветува на вежбањето на вештините потребни за елиминирање на невидливи цели кои се наоѓаат зад природни препреки, како планини и густи шумски појаси.
Гагањето во планините е специфично по тоа што е неопходно да се земат предвид и додатни параметри и податоци во текот на насочувањето на стрелбата: атмосферскиот притисок, позицијата на целите - односно аголот на движење на проектилите кон метата, топогеодезиските податоци и т.н. Обуката се изведува на мобилни системи кои симулираат оган од самоодни хаубици „Акација“ и системи за стрелба од повеќе цевки „Град“.
Предвидено е во летниот период обуката на артилериските единици да изнесува над 500 часови, а половина од нив ќе бидат извршени во ноќни услови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче