Завршени се проверките на првиот руски бесшумен оклопен транспортер

Завршени се тестовите на новиот руски оклопен транспортер со хибриден погон и електрична трансмисија.

Завршени се тестовите на новиот руски оклопен транспортер со хибриден погон и електрична трансмисија врз основа на транспортерот „Росток“ БТР-90. Новиот транспортер може да се движи речиси нечујно, а има перспектива да стане и беспилотно возило, пренесе портпаролот на „Воено-индустриската компанија“, Сергеј Суворов.

„Проектот е развиен за потребите на Минситерството за одбрана на Русија. Оклопниот транспортер (шифра „Кримск“) со хибриден погон може бесшумно да се движи благодарејќи на суперкондензаторот додека дизел-моторот му е исклучен“, објаснува Суворов, а пренесува РИА Новости.

Тој наведува дека новото возило засега може да преминува многу ограничена далечина, „но со примената на новите видови суперкондензатори (најсовремените акумулатори), таа ќе може да се зголеми за неколку десетици пати“. Суворов истакна дека „Кримс“ може да биде пренаменет и како беспилотна платформа со далечинско управување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња