Русите сметаат дека странците им ги земаат работните места

Половина од руското население, а во Москва и Санкт Петербург повеќе од 60%, сметаат дека доселениците им ги одземаат работните места.

Половина од руското население, а во Москва и Санкт Петербург повеќе од 60%, сметаат дека доселениците им ги одземаат работните места. Исто толкав процент граѓани сметаат дека странците треба да се вработуваат во трговијата, градежништвото, превозот, но и како куќни помошнички и дадилки.

Само 15-20% од доселениците работат на истите професии како и другите Руси, покажуваат податоците од најновото истражување. Притоа, многу странски работници заработуваат исто колку и локалното население. Истражувањата од 2011 година покажаа дека просечната плата на доселеникот тогаш изнесувала околу 30.000 денари месечно, што тогаш била иста како и просечната плата во Русија тогаш.

Интересно е тоа дека доселениците претставуваат проблем за 72% од граѓаните на Москва кои не можат да си дозволат нова облека, а само за 39% од тие кои можат да си дозволат нов автомобил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња