Руско-индиската ракета е барана на светскиот пазар

До денешен ден, за купување на новата суперсонична ракета БраМос од руско-индиско производство се заинтересирани 14 држави.

До денешен ден, за купување на новата суперсонична ракета БраМос од руско-индиско производство се заинтересирани 14 држави, изјави за новинарите претседателот на руско-индиското претпријатие BrahMos Aerospace, Сиватан Пилаи, но одбива да соопшти за кои земји конкретно станува збор.

Ракетата БраМос може да погоди цели на далечина од 290 километри. Ракетата е веќе дел од вооружувањето на копнената војска и воената морнарица на Индија. До крајот на годината ќе биде тестирана ракетата со лансирање од авион. Во март успешно беше лансирана подморничката ракета. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња