Форбс: Наталитетот во Русија го надмина оној на САД

Започнувајќи од 2008 година, наталитетот во Русија расте стабилно со стапка од околу 10% годишно, додека во САД тој падна на околу 9%. На прв поглед нештата изгледаат изненадувачки: зар руската економија не настрада за време на економската криза од 2008 година? Зар не одеше економијата директно во амбис?

Ништо од ова не е за чудење, бидејќи невработеноста и платите во Русија денес се на едно завидно ниво, доколку се споредат со другите историски периоди. Во исто време, во САД платите стагнираат, додека невработеноста е повисока од таа во Русија. Оваа ситуација создава атмосфера која не е баш погодна за планирање уште еден член во семејството.

Не мора да значи дека мајчинскиот капитал во Русија (сума од околу 12.500 евра која се дава за секое второ, трето и следни родени деца) влијае врз зголемувањето на наталитетот.

Исто така, треба да се спомне дека наскоро во Русија ќе започне намалување на наталитетот, бидејќи стануваат плодни генерациите од 90-те, за кои знаеме дека бројно не се многу големи во Русија поради кризата која тогаш постоеше во Русија.

Американската нација одамна смета дека руската нација е „нација во изумирање“. Тоа ниту најмалку не е точно. Русија е пример дека дури и сериозните демографски проблеми можат да се средат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња