За три години најмногу автомобили ќе се продаваат во Русија

Во 2016 Русија би можела да стане автомобилски пазар број еден во Европа.

Во рок од три години Русија би требало да ја надмине Германија по бројот на продадени автомобили и со тоа да стане најголем пазар за автомобили во Европа, а да 2020 и петта по големина во светот, прогнозираат аналитичарите на компанијата „The Boston Consulting Group“, пренесува порталот vz.ru.

Рускиот автомобилски пазар до 2020 би требало да расте во просек од 6% годишно и да достигне продажба од 4,4 милиони патнички автомобили и лесни комерцијални возила, и да напредуваат од седмо на петто место во светот. Експертите од BCG потсетуваат дека руската автоиндустрија успешно избегнала пропаст после кризата во 2009 кога пазарот се намалил скоро на половина.

Исто така се истакнува дека Русија има значителен потенцијал, особено кога во предвид се има ниската снабденост со автомобили, каде на 1000 луѓе доаѓаат 290 возила, додека во источна и западна Европа овој број се движи помеѓу 400 и 560, а во САД дури 740.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.