Нов момент во случајот со Сноуден

Неочекуван расплет на приказната околу Едвард Сноуден.

Мајката на осудениот пилот во САД, Константин Јарошенко, ги повика руските власти да го разменат за поранешниот агент на CIA.

„Зошто ни е потребен тој Сноуден?“, прашува Љубов Јарошенко. Таа на министерот за надворешни работи му предложи да поранешниот соработник на тајните служби го замени за својот син. Пред две години САД го обвини пилотот Константин Јарошенко за соучество во пренесувањето на големи пратки од Венецуела во Африка, и беше осуден на 20 години.

За потсетување, Едвард Сноуден вчера официјално побара политички азил во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња