Освојувањето на Месечината е отежнато не само од космичкото зрачење, туку и прашината од земјиниот природен сателит која може да продре и низ најгустите филтри, соопшти раководителот на Отсекот за радијациска безбедност при Институтот за медицинско-биолошки проблеми на Руската академија на науките, Владислав Петров.
„Бидејќи на Месечината нема атмосфера, сите компоненти од космосот, вклучувајќи ги и космичките зраци, непрекинато ја бомбардираат, а структурата на прашината е речиси на ниво на наночестица. Таа не е радиоактивна, но има таква способност да продира дури и низ најгустите филтри“ - истакна Петров, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Тоа е еден од најсериозните проблеми на кои досега не им се придаваше големо значење“, додаде тој.
Руската програма за истражување на Месечината предвидува лансирање на лендерот „Луна-Глоб 1“ во 2015 година, кој првенствено ќе биде наменет за припремање на платформата за приземјување, а потоа во наредната година ќе биде лансиран и орбитерот „Луна-Глоб 2“. Во 2017 институтот за космички истражувања при Руската академија на науките во соработка со Научно-производниот комплекс „С. А. Лавочкин“ има намера на Месечината да испрати масивен научен инструмент и заедно со Индија да ја оствари мисијата „Луна-Ресурс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче