Во населбата Бољшое Завидово во Тверската област се одржува еден од најпознатите рок-фестивали во Русија - „Инвазија“. Оваа година на тридневниот музички маратон ќе учествуваат 112 групи и воен оркестар, како и авиони-ловци и оклопна техника.
Оваа година на рок-фестивалот акробатски летови изврши групата „Соколо на Русија“. Освен тоа, на изложбата на воена техника на територијата на фестивалот е претставен тенкот Т-90, како и оклопниот транспортер БТР-82А, самоодната хаубица МСТА-С и други борбени машини. Сите покажани модели се во употреба и се дел од вооружувањето на Западниот воен округ.
Одлуката на рок-фестивалот да се појави борбена техника ја донесе министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Според неговото мислење, на тој начин војската ќе се приближи до младите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче