Сноуден може да остане во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево колку што сака

Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, кој во моментов се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, може да остане таму колку што сака. Тоа за агенцијата ИТАР-ТАСС го изјавија извори во безбедносните структури.

На негово име во моментов нема регистрирано ниту една авионска карта. Сноуден не ја поминал граничната контрола и не ја поминал руската граница.

Што се однесува до можната проверка на документите на Сноуден, граничарите во транзитната зона изјавија дека проверката на документите таму не ги проверуваат. Вашингтон се надева дека Москва ќе го екстрадира Сноуден, но според законите тоа не може да го направи, бидејќи тој не се наоѓа на руска територија. И не само тоа, Русија и САД немаат билатерален договор за испорака на обвинетите или осомничените. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња