Министерството за култура ќе се занимава со изучување на иконите на Андреј Рубљов

Околу 80 негови дела ќе бидат фотографирани, изучени под рендген и ултравиолетови зраци.

Министерството за култура ќе издели средства за технолошко изучување на иконите на Андреј Рубљов, за да ја пополни научната база за технологиите на живописецот, за откривање на пигментите кои тој ги користел, како и за уметничката структура на неговите дела. Ова за Лента.ру го соопшти Министерството за култура.

Околу 80 негови дела ќе бидат фотографирани, изучени под рендген и ултравиолетови зраци.

 Со оваа задача ќе се занимава Државниот научно-истражувачки институт за реставрација, кој претходно самиот се занимавал со изучување на делата на иконописецот од 15 век.

Андреј Рубљов е најголемиот мајстор од московската школа за иконопис од 15 век. Најпознатото негово дело „Троица“ се чува во Државната Третјаковска галерија. Андреј Рубљов е канонизиран од Руската православна црква во 1988 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња