За време на самитот на Г-8 во Северна Ирска, претседателот на Русија, Владимир Путин ќе се капи во студеното езеро Лох-Ерн, бидејќи американскиот лидер, Барак Обама веќе ја резервирал спортската сала прв и одбил да ја дели со рускиот колега, пишува The Times.
„Водата можеби е студена, но на претседателот тоа му се допаѓа. На крај краишта, тој се капел и во Сибир“, се кажува во статијата. „Ако Путин реши да го зацврсти својот имиџ на вистински маж со капење, тогаш никој не може да го спречи во тоа“, се кажува во статијата.
Извори во британската полиција ги потврдија слуховите за плановите на рускиот претседател да се искапи во езерото, бидејќи претставниците на Обама ја резервирале спортската сала во хотелот со пет ѕвездички во Лох-Ерн.
The Sun, пак, забележува дека американскиот претседател на овој начин ја доби „студената војна“пред самитот на Г-8. Според зборови на инсајдер во списанието, спорот можел да стане „камен на сопнување“ за време на преговорите, но Русите се повлекле. „Тие рекоа дека наместо тоа, Путин ќе ги извршува утринските пливања во езерото“, додал изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче