Владимир Путин му ја честиташе победата на новиот претседател на Иран, Хасан Рохани.
„Во телеграмата со честитка Владимир Путин изразува увереност дека дејноста на Хасан Рохани ќе придонесе за процветување на блиските односи со Иран, како и за понатамошно зацврстување на руско-иранските односи“, се кажува на интернет-страницата на Кремљ.
Во соопштението се забележува дека рускиот претседател ја потврди подготвеноста за развој на заемната соработка со Иран во различни области и во интерес на обезбедувањето на регионалната и меѓународната стабилност.
Претходно раководителот на комитетот на Советот на федерацијата за меѓународни работи, Михаил Маргелов, изјави дека односите меѓу Москва и Техеран со новиот ирански претседател нема да се променат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче