Путин: „Законот за невладините организации не е совршен“

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека законот за невладини непрофитабилни организации е несовршен.

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека законот за невладини непрофитабилни организации (ННО), според кој ваквите организации често мораат да се регистрираат како странски агенти, не е сосема совршен. На состанокот со претставниците на т.н. „Граѓанска дваесетка“ во својата резиденција Ново-Огарево, шефот на државата вети дека законот ќе биде доработен.

Претседателот потсети дека слични закони се донесени и во другите земји на Г-20, вклучувајќи ги и САД. Меѓутоа, во Русија законската регулатива во таа област е многу полиберална, нагласи тој. Путин како пример наведе дека во САД како странски агент мора да се регистрира секоја организација за да добие пари од странство, додека во Русија тоа важи само за политичките организации. „Посебно сакам да нагласам дека работата на ваквите организации не е забранета“, подвлече претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња