Резолуцијата која Советот за човекови права на ООН ја усвои на 14 јуни е пристрасна и контрапродуктивна. Таа е насочена против владата на Сирија и ги игнорира злосторствата кои ги прави радикалната опозиција, се наведува во извештајот на секторот за информирање и медиуми при Министерството за надворешни работи на Русија.
„Во резолуцијата се осудува приврзаноста на ’Хезболах’ со конфликтот, при што авторите на текстот го игнорираат фактот дека во Сирија се активни илјадници обучени и вооружени терористи-платеници кои некој од странство добро ги плаќа. Не се спомнуваат ниту киднапирањата на христијански свештеници од страна на екстремисти во Алепо“, се наведува во документот на руското Министерство за надворешни работи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче