Роскосмос сака да ја повтори научната мисија „Фобос-грунт“ во периодот од 2022 до 2025 година.
„Според сѐ, оваа мисија ќе биде повторена во 2022-2025“, изјави шефот на Роскосмос, Владимир Поповкин за РИА Новости.
„Фобос-грунт“ беше лансиран во ноември 2011 година. Апаратот не можеше да излезе на потребната рута за летот кон Марс. Во средината на јануари остатоците од сондата паднаа на Земјата во Тихиот океан.
Вредноста на програмата изнесуваше 116 милиони евра.
Како што изјави Поповскин, „Фобос-грунт“ настрадал поради напад од тешки честички во вселената, а исто така и порди тоа што создавачите не ја зеле предвид работата на компјутерот на ниската околуземна орбита.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче