Русија сака да испрати миротворци на границата меѓу Сирија и Израел

Рускиот контингент може да ги замени миротворците од австрискиот контингент на Голанската висорамнина, доколку за тоа бидат заинтересирани државите во регионот, изјави денес претседателот на Русија, Владимир Путин.

Рускиот контингент може да ги замени миротворците од австрискиот контингент на Голанската висорамнина, доколку за тоа бидат заинтересирани државите во регионот, изјави денес претседателот на Русија, Владимир Путин.  

„Имајќи ја предвид сложената ситуација на Голанската висорамнина, руската армија би можела да го замени австрискиот контингент кој се наоѓа на висорамнината на линијата меѓу Израел и Сирија. Се разбира, тоа може да се случи само ако регионалните држави се заинтересирани за тоа и ако генералниот секретар на ООН тоа го побара од нас“, изјави Путин за време на средбата со офицерите.

Претседателот спомна дека се сретнал со Баи Ки Мун за време на неговата посета во Русија, за време на која го замолил Путин Русија да го зголеми своето учество во миротворните операции во ООН.

Претходно стана јасно дека австриската влада планира да ги повлече своите војници кои се наоѓаат во состав на контингентот на ООН на Голанската висорамнина вдолж границата меѓу Сирија и Израел. Таквото решение беше донесено откако во реонот започнаа борбите меѓу војските на сириската армија и бунтовниците.

Израелците, пак, сметаат дека овде треба што е можно подолго да се задржи миротворната мисија, стравувајќи дека Голанската висорамнина ќе стане место за лесен напад на територијата на Израел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.