Претседателот на Русија, Владимир Путин е разочаран од одлуката на министрите за надворешни работи на Европската унија да го укинат ембаргото за испорака на оружје на сириската опозиција.
„Нема да го скријам фактот дека тоа нас не разочара“, изјави Путин на прес-конференцијата после самитот Русија-ЕУ во Екатеринбург, градот-кандидат за домаќин на светската изложба ЕКСПО-2020.
Ситуацијата во Сирија беше посебно разгледана на самитот. „Ние повторно нагласуваме дека било кои обиди да се влијае на ситуацијата со сила, со директна воена интервенција, се осудени на неуспех и ќе предизвикаат тешки хуманитарни последици, изјави Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче