Руски експерти деминираа над 400 експлозивни направи во Србија

Деминирани се експлозивни направи во Србија од страна на руски специјалисти.

Руски експерти во текот на редовното хуманитарно деминирање во Србија, кое започна во април, пронајдоа и деминираа повеќе од 400 експлозивни направи, соопшти во Белград раководителот на проектот, Дмитриј Гапоненко.

Групата годинава работи на дел кој се наоѓа на 170 километри југоисточно од Белград. Таму во 2006 година дојде до серија експлозии во военото складиште. Меѓу опасните направи најдени се и бомби и гранати кои останале од периодот на Втората светска војна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња