Во Санкт Петербург започна со работа Извршниот одбор на МОК

Во Санкт Петербург ќе се разговара за градовите-кандидати.

Извршниот одбор на Меѓународниот Олимписки комитет ја започна тридневната посета во Санкт Петербург.

Во наредниве денови лидерите на светското Олимписко движење, заедно со претставниците на меѓународните спортски федерации ќе ги проценат претставените градови-кандидати за одржување на Олимписките игри во 2020 година, а исто така ќе утврдат кои 3 од 8 спортови ќе бидат предложени и вклучени во програмата на летните Олимписки игри.

Меѓу нив се борењето, карате, спорт на ролери, качување, боречки вештини, бејзбол, сквош и сурфање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња