Режисерите во Русија го сметаат пиратството за главен проблем за руските филмови

Дали ќе се појави во Русија закон за пиратството сличен како оној во САД?

Министерот за култура на Русија, Владимир Медински го замоли шефот на државата да го поддржи законот, кој ќе им дозволи на сопствениците на авторските права да ја блокираат нелегалната содржина на Интернет - слично како и со американскиот закон.

Според министерот, ако се прекинат патиштата за нелегално симнување на пиратски содржини на Интернет, посетеноста на кината и легалните продажби на филмовите ќе пораснат двојно. Тоа се однесува и на филмовите, и на книгите и на музиката. Министерот објасни дека најголемиот дел од пиратските содржини на Интернет во моментов се контролираат од неколку поголеми интернет-страници, и ако тие склучат договори, ако преземат врз себе одговорност, големината на проблемот значително ќе се намали. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња