Нетекамската фабрика за автомобили, која влегува во Групата компании на КАМАЗ, се вклучи во државната програма за префрлање на јавниот транспорт во Русија на гас. НЕФАЗ одамна произведува автомобили кои работат на гас. Во 2013 година фабриката произведе серија од три нови модели автобуси со мотори кои користат гас.
Два од овие автобуси користат мотори кои ги исполнуваат Евро-5 стандардите, и еден кој ги задоволува Евро-4 стандардите.
До 2020 година половина од јавниот транспорт во Русија мора да премине на гас. На овој начин, НЕФАЗ може да профитира преку крупни нарачки во блиска иднина и да го зголеми својот удел на пазарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче