Студент од Москва е осуден на 6 години поради напад на судија

Хрват удрил московски судија.

Студент од Москва е осуден на шест години затвор поради напад на федерален судија кој сакал да го принуди да донесе решение во полза на неговата мајка. Ова е објавено на интернет-страницата на московското обвинителство.

Мирко Жаниќ има хрватско и руско државјанство. Тој решил да се вмеша во судскиот според меѓу својата мајка и нејзиниот работодавач.

Студентот ја удрил жената во лицето. Од ударот жената паднала на асфалтот и изгубила свест, а подоцна се утврдило дека нема посериозни повреди. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња