Првата иранска атомска електроцентрала „Бушер“ ќе биде пуштена во употреба наскоро, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на зборовите на шефот на Росатом, Сергеј Кириенко.
„Јас никогаш не сум давал конкретни датуми, бидејќи секогаш сум кажува дека за нас приоритет е безбедноста, а секако, тоа зависи и од нарачателот.“ изјави тој.
Атомската електроцентрала „Бушер“ во Иран е изградена од Росатом. Изградбата на централата беше започната во 1974 година од германскиот концерт Kraftwerk Union, а на 25 август 1992 година меѓу владите на Русија и Иран беше потпишан договор за завршување на започнатиот проект.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче