Граѓани на Германија, Холандија и Велика Британија заминуваат да работат во Русија

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави во интервју за весникот „Комсомолска правда“ дека Русија не може да се откаже од емигрантите во следните неколку години.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави во интервју за весникот „Комсомолска правда“ дека Русија не може да се откаже од емигрантите во следните неколку години.

Според зборовите на шефот на владата, треба да се создаде систем кој дозволува да се контролираат сите миграциски процеси.

Не толку одамна премиерот ја посети во Нижни Новгород службата за миграциска политика, која редовно ги следи новодојдените емигранти. Она што го изненади премиерот е тоа што во Русија доаѓаат да работат и граѓани на Германија, Холандија и Велика Британија. „Не туристи. Не одат во „Ермитаж“. Тоа се луѓе кои дошле со работни визи. Тоа значи дека нашата држава е привлечна и за оние кои добиваат добри плати и кај себе дома“, забележа Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.