Русија ќе создаде заеднички комплекс за ПВО со Турција

Русија е подготвена заедно со Турција да создаде комплекс за противвоздушна одбрана со голем радиус на дејство.

Русија е подготвена заедно со Турција да создаде комплекс за противвоздушна одбрана со голем радиус на дејство. Тој комплекс ќе биде создаден врз основа на сегашниот систем „Антеј-2500“, соопшти за РИА Новости раководителот на делегацијата на Рособоронекспорт, Сергеј Ладигин.

Турција одамна објави тендер за купување на системи за ПВО со голем радиус на дејство, но победникот во тој тендер сѐ уште не е објавен.

„Русија е подготвена во рамките на тендерот да предложи заеднички руско-турски продукт врз основа на системот ’Антеј-2500’ (извозна варијанта на системот С-300).“, изјави Ладигин.

Освен тоа, „Рособоронекспорт“ ѝ предлага на Турција заедничка маркетиншка политика за промовирање на овој комплекс на пазарот во трети држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.