ЕУ ја повика Русија да не носи закон за забрана на геј-пропагандата

Европската унија ја повика Русија да се воздржи од донесување на законот за забрана на геј-пропагандата, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на надворешнополитичката служба на ЕУ.

Европската унија ја повика Русија да се воздржи од донесување на законот за забрана на геј-пропагандата, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на надворешнополитичката служба на ЕУ.

„ЕУ ја повика Русија да се воздржи од законот за забрана на геј-пропагандата, кој, според мислењето на ЕУ, може да ја засили дискриминацијата и насилството во однос на ЛГБТ“, се кажува во извештајот на ЕУ после средбата која се одржа на 17 мај во Брисел меѓу претставникот на МНР на Русија, Констандин Долгов со специјалниот претставник на ЕУ за правата на човекот – Ставрос Ламбринидис.

“Антигеј“ законот беше внесен во Думата во март 2012. Думата во првото читање го прифати законскиот проект за забрана на „геј-пропагандата“ во јануари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња