Балтичката флота во текот на летото ќе одржи повеќе од 20 вежби

Руската морнарица со најголем број на вежби во последниве неколку години.

Силите на Балтичката флота во Русија во текот на летото ќе учествуваат во повеќе од 20 вежби, во кои ќе бидат разработени практични чекори од страна на морските сили, крајбрежните војски и морската авијација. На завршната етапа флотата ќе учествува во главната вежба оваа година - стратешките вежби „Запад“.

Во зимскиот период морските сили и крајбрежните единици извршија околу 30 вежби со примена на практични ракети, торпеда или артилериски оган врз различни цели. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња