ПМЕФ очекува договори од милијарди долари

Годишниот Петербуршки меѓународен економски форум според својата големина често го споредуваат со форумот во Давос.

Годишниот Петербуршки меѓународен економски форум според својата големина често го споредуваат со форумот во Давос: го води директно Претседателот на Русија, посетен е од високи делегации од различни држави, а големите меѓународни компании се претставени од своите главни директори. Традиционално на годишниот Петербуршки меѓународен економски форум се склучуваат големи зделки.

Во 2011 година на него се склучени 50 договори во вредност од 6 милијарди долари, додека трошоците за организација на форумот изнесуваа 28 милиони долари. Во 2012 година склучени се 84 договори за 11 милијарди долари. Најголеми договори тогаш беа зделките за испорака на Сухој Суперџет-100 за 212 милиони долари.

Според информациите на организацискиот комитет, своето присуство веќе е потврдено од повеќе од 200 глави на странски компании и 374 глави на руски компании. Дваесет и тројца од нив влегуваат во рејтингот на Forbes и Fortune.

Освен потпишувањето на бизнис-договори, ќе се разговара и за други важни проблеми - почнувајќи од светската финансиска криза и завршувајќи со инфраструктурните проблеми во африканските држави. Главна тема на форумот ќе биде стимулирањето на економскиот раст. Исто така, економистите ќе разговараат за пронаоѓање на начини за „омекнување“ на светската финансиска криза.

Петербуршкиот меѓународен економски форум се одржува од 1997 година, а од 2005 година - под патронажа на рускиот претседател. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња