И покрај сета нафта, јавниот транспорт во Русија ќе вози на гас

Руската влада донесе одлука за „гасификација“ на барем половина од јавниот транспорт во државата.

Руската влада донесе одлука за „гасификација“ на барем половина од јавниот транспорт во државата. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на заменикот-претседател во владата, Аркадиј Дворкович.

Дворкович изјави за подготвеноста на „Гаспром“ и други компании да го финансираат создавањето на инфраструктура во градовите која ќе помогне да се инсталираат гасни уреди во транспортните средства. Конкретни дати не се наведени, но Дворкович соопшти дека првата нормативно-правната фаза ќе биде подготвена до крајот на оваа година.

Дмитриј Медведев предложи да се намалат или укина сите давачки за компонентите кои се потребни за гасните системи кои ќе се користат во транспортот.

Во моментов гас во Русија користат само 2% од автомобилите, односно 1,1 милиони единици. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња