Бројот на напади од компјутерски хулигани на сајтовите на органите на државната власт расте. Министерството за внатрешни работи објави тендер за создавање систем за предупредување и откривање на компјутерски напади, и за таа цел се планираат околу 40 милиони рубљи (повеќе од 4 милиони долари).
Според проектната документација, во составот на тој систем ќе функционира и Федералната Служба за Безбедност на Русија. Во февруари годинава секретарот на Советот за безбедност, Николај Патрушев соопшти дека денес се забележува раст на бројот на сајбер-напади на сајтовите на органите на државната власт. Секој ден има дури по 10.000 напади на страницата на претседателот на Русија, како и на претседателите на Думата и Советот на Федерацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче