Сѐ повеќето сигнали во светот за глобалното економско забавување го натераа претседателот на Русија да нареди одржување состанок со врвните економисти во земјата со цел да се одбегне рецесија.
Русија последен пат западна во рецесија во 2008-2009 година, кога економијата падна за 10% во екот на финансиската криза.
Грижите на Путин посебно се зголемија откако се дознаа ниските стапки на економски раст во Кина, со што се официјализираше забавувањето на економијата во светот. Кинеската економија пораснала само за 7,7% во првиот квартал, додека очекувањата биле 8%.
За време на финансиската криза во Русија во 2008-2009, владата беше принудена да инјектира десетици милијарди долари во банките кои тонеле во долгови за да се избегне економскиот колапс. Од тогаш па до сега, економијата постигна само половина од развојниот импулс кој го имаше до кризата.
Минатата недела Министерството за економија изјави дека очекува понизок економски развој годинава - 2,4%, намален од 3,6%, пред сѐ поради намаленото индустриско производство и стагнирачката побарувачка.
„Сѐ уште не сме во рецесија, но може да се најдеме во една“, предупреди Андреј Белоусов, министерот за економија. „Постои таков ризик. Тоа ќе се случи наесен доколку не постигнеме раст“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче