Русија меѓу државите со најголеми резерви во странски валути

Валутните резерви на Русија - меѓу најголемите во светот.

Русија влезе во редот на земји со наголеми резерви во странски валути. Ова е наведено во извештајот на Министерството за финансии на САД. Активите на Русија во долари изнесуваат 462 милијарди долари. Според ова, Русија го зазема четвртото место во светот, а пред неа се само Кина, Јапонија и Саудиска Арабија.

Во истиот извештај е наведено дека земјите во развој го зголемиле производството за 10% во споредба со нивото пред кризата. Исклучок е само Русија, каде растот изнесува помалку од 5%. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња