Лидер според извезената количина вино во Русија традиционално е Франција. Во 2012 година од Франција во Русија се извезени 37,4 милиони шишиња вино, што е еднакво на 20,25% од пазарот на вино во Русија. Сепак, во последниве години испораката на вино од Франција стагнира, што го става лидерството на Французите во Русија под знак прашалник.
Во последниве неколку години Италија успеа забележително да се приближи до Франција – нејзиниот удел на пазарот изнесува 16,24%. Извозот на вино од САД во Русија во 2012 година порасна за 16% до 2,5 милиони шишиња. Сепак, во списокот на најголеми извозници на вино во Русија, САД го зазема единаесеттото место со удел во пазарот од 1,37%, нешто помалку од Бугарија и Азербејџан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче